Пејачката Ханка Палдум се потсети на пејачот Шабан Шаулиќ и објави фотографија која настанала во 1987 година.
Тогаш Ханка и Шабан добиле две дијамантски плочи како знак за најтиражни пејачи.
„Убави спомени и сеќавања. Доделувањето на „Дијамантските плочи“ во 1987 година. Шабан Шаулиќ и Ханка Палдум добија две дијамантски плочи како најбарани купувачи“ стои во описот на фотографијата.
За потсетување, Шабан Шаулиќ почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија на 17 февруари кога на пат кон аеродром во неговиот автомобил удрил друг автомобил.
Неговата смрт тешко ја прифатија неговото семејство, но и неговите пријатели и колеги кои се уште не можат да поверуваат дека пејачот прерано го напушти овој свет.