Радио Милева откри

Убавата Шехерезад ги изненади сите со новата одлука: Необичната љубовна приказна на Бергузар Корел и Халит Ергенч остава без здив, а сега актерката се подготвува за нов предизвик (фото)

Убавата Шехерезад ги изненади сите со новата одлука: Необичната љубовна приказна на Бергузар Корел и Халит Ергенч остава без здив, а сега актерката се подготвува за нов предизвик (фото)

Бергузар Корел и Халит Ергенч се брачна двојка која особено ја сакаат луѓето од Босфор и пошироко. Тие освоија верни следбеници со својата необична љубовна приказна, а иако и двајцата се неверојатно популарни, се трудат да водат сосема обичен живот. Сепак, многу обожаватели стравуваа дека таа засекогаш ќе се пресели во Лондон, бидејќи со години живеат меѓу Англија и Турција, но актерката ги изненади сите со својата одлука.

Имено, убавата Шехерезада ги воодушеви своите фанови кога со нив ја сподели веста дека подготвува нова серија.

– Само што почнав да го читам сценариото. Ако има работа која ќе предизвика возбуда во вистинскиот момент, можам веднаш да почнам – открила актерката на Инстаграм и ги воодушевила фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Харизматичната Бергузар на својот Инстаграм профил често споделува моменти од приватниот живот, а неодамна откри дека нејзиниот живот многу се променил откако станала мајка.

Бергузар Корел и Халит Ергенч имаат три деца – два сина, Али и Хан, како и ќерката Лејла, која се роди минатата година. Познатиот Сулејман Величествениот често велеше дека неговата сопруга е љубоморна, но дека на тоа работат заедно со терапевт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/berguzarkorel

 

To top