Во емисијата „Амиџи шоу“ водителот Огњен Амиџиќ, беше домаќин на пејачката Катарина Каја Остојиќ. Инаку, Каја потврди дека ја раскинала тригодишната врска со фудбалерот Матео Павловиќ, па првото прашање за убавата пејачка било токму за раскинувањето.
Па, да, го објавив тоа на Инстаграм. Сега злобниците би рекле „Секогаш кога раскинува доаѓа во Амиџи“. Еве ветувам, следниот пат кога ќе дојдам ќе имам нова песна, веќе ја снимив – изјави Каја.
– Каква е песната? Има ли врска со раскинувањето? – ја праша Амиџиќ.
-Па не, напишана е пред раскинувањето – одговорила пејачката.
-Значи дефинитивно раскинавте, не е точката запирка – инсистираше Амиџиќ.
-Не, не, точка е. Воопшто не би зборувала многу за тоа, сакам да бидам достоинствена на крајот од целата приказна. Откако ќе заминам, никогаш не се враќам – изјави Каја.
Фото:Принтскрин/Инстагарм/kaya_ostojic/ТВПинк