Кога се појави на ТВ екраните, Анастасија Богдановска беше вистинско озвежување во етерот.
Брзо се вклопи пред камерите и во комуникацијата со гледачите, а потоа за кусо време да стане еден од препознатливите медиумски ликови.
Но, од неодамна Деа тргна кон нови дострели во професијата, од кои камерите ги остави зад себе, односно седна на позицијата како главен и одговорен уредник на телевизија Алфа.
View this post on Instagram
Убавата Деа денес недостига со својата енергија и харизма на телевизија, но затоа пак остана активна на социјалните мрежи каде не ретко покажува детали од секојдневието во својата приватност.
Таа е активен корисник на Инстаграм, каде најново покажа како изгледа во домашно издание, со наметка на себе и без грам шмика.
Друштво во домашниот амбиент секогаш и прави нејзиното милениче – белото неодоливо маче чии фотографии не се реткост на нејзиниот профил.
Велат дека камерите знаат да прикажат поинаков изглед, но во случајот, пред камера или не, со шминка или без, Деа и природно изгледа одлично.
фото:инстаграм