Радио Милева летни лудории

„Убава си“ – Луна Ѓогани се соблече и го покажа трудничкиот стомак (фото

„Убава си“ –  Луна Ѓогани се соблече и го покажа трудничкиот стомак (фото

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ пред неколку дена ги спакуваа куферите и со ќерката Миа отпатуваа во Грција.

Тие сега објавија дел од атмосферата од патувањето и ги воодушевија сите. Имено, тие заедно со ќерката уживале во базенот, Луна го облече костимот за капење и го покажа трудничкиот стомак, додека постојано се смешкаа.

„Колку си убава“, „ох, убава си“, „Луна, блескаш во бременост“, се само дел од коментарите.

Луна треба да се породи за неколку месеци, а нивната ќерка откри и како ќе се вика нејзината сестра.

– Решивме во овој клип да дознаеме како ќе се вика нашиот следен наследник, но да се обидеме прво да видиме дали можеби Миа ќе го каже тоа? – почна Марко да снима видео за нивниот канал на „Јјутјуб“, сончајќи се на плажа, а Луна додаде:

– Миа, како ќе се вика сестрата во стомакот на мама?

–  Сестра Лана – рече девојката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top