Сигурно сте се запрашале како ли успеваат водителите на утринската програма пред камера наутро да изгледаат така свежо, позитивно, насмеано…
Едно е сигурно, тоа нималку не е лесно! Но кога секојдневниот биоритам наложува такво темпо на живот, организмнот едноставно се навикнува, па функционирањето на тој начин станува рутина.
фото:инстаграм/еленастојановска
ТВ водителката на утринската емисија на Сител „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска, е една од лицата кои пред камерите и на екраните пред публиката, зрачи со харизма, шарм и професионалност.
Долгогодишното искуство кое го има ја прави препознатлива и една од омилените дами на телевизија.
фото:инстаграм/еленастојановска
Какво е чувството кога си буден од 5 часот наутро за да се подготвиш и да и кажеш добро утро на цела Македонија, Елена опиша во описот на една своја фотографија која ја објави на својот Инстграм профил.
На работа си од 5 сабајле и денот уште нема крај, среќа Верче Блажевска ме дотера, па сум си ок, го опиша Елена „селфито“ од работното биро.
Сепак, не само изгледот е важен за нејзината работа, пред се тука мора да биде присутна концентрацијата, а пак за тоа е потребен квалитетен сон и начин на живот, а на убавата Елена очигледно тоа и оди од рака.