На сите им е јасно дека Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска и Бојана Родиќ, сестрата на Богдана Ражнатовиќ, не се разделуваат и постојано објавуваат снимки и фотографии кои покажуваат дека се заедно.
Денес во српските медиуми се појавија информации дека Бојана се преселила во домот на Мирко, а нивната врска станува се посериозна.
Во прилог на информацијата за овој потег, има фотографија што таа ја објави на Инстаграм, на која се гледа дека ја посетила и нејзината сестра Наташа.
После тоа, Бојана го сними кучето како скока во базенот покрај кој таа и нејзината сестра се сончаа, па покажа дека Гоца има вистински летен рај во домот.