Радио Милева причината-минорна, казната-затворска...

Уапсена познатата српска старлета Мимо Оро: Своевремено ја ослободија за проституција, сега ја затворија за сообраќајна казна! (ФОТО)

Уапсена познатата српска старлета Мимо Оро: Своевремено ја ослободија за проституција, сега ја затворија за сообраќајна казна! (ФОТО)

Една од најпознатитесрпски старлети Милица Живановиќ, попозната како Мими Оро, е уапсена и испратена на издржување затворска казна поради непочитување на законот за безбедност во сообраќајот.

Старлетата моментално се наоѓа во женскиот затвор во Пожаревац, каде ја издржува казната, а не се знае кога ќе излезе на слобода. Според  информациите кои ги добиле српските медиуми, поранешната учесничка во реалните шоуа не платила повеќе сообраќајни казни во предвидениот рок, поради што е санкционирана со затворска казна.


Ова не е првпат контроверзната старлета да има проблем со законот. Да потсетиме, Живановиќ беше уапсена во 2014 година во акција на Одделот за јавен ред и мир на белградската полиција. Со неа тогаш биле приведени уште седум девојки, кои исто така биле осомничени за проституција.

Во март минатата година таа и нејзината колешка Тијана Максимовиќ, алијас Тијана Ајфон беа однесени во СБПОК. И двете поминаа неколку часа на сослушување поради нивната наводна поврзаност со кланот на Вељко Беливук.

Откако го напушти сослушувањето, Мими раскажа што се случило. Во моментов пак старлетата била недостапна за медиумите.

Фото: Инстаграм принтскрин/mimi_oro_milica

 

To top