Познатата манекенка Џиџи Хадид е приведена на Кралските Кајмански Острови.
Како што пренесува „ТМЗ“, Џиџи Хадид била обвинета за поседување марихуана и реквизити за дрога.
Ова се случило на Кајманските Острови, кога таа долетала од САД.
Таа на 10 јули пристигнала со приватен авион на меѓународниот аеродром Овен Робертс и со багажот го царинила. Агентите на царината и граничната заштита ја поминале нејзината чанта низ скенер и рачно ја пребарале, каде што нашле „мала количина трева и реквизити за пушење“.
Џиџи веднаш била однесена во притворен центар на Кралските Кајмански Острови, но успеала да се договори да биде ослободена со кауција и да не биде процесуирана.
Платила 1.000 долари и била ослободена со кауција, без пресуди во нејзината евиденција.
По инцидентот, манекенката на својот Инстаграм објави албум со фотографии направени за време на одморот со натпис: „Сè е добро штом добро ќе заврши“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Танјунг АП