Радио Милева

Уапсен познатиот актер: Платил кауција од над три милиони долари, а му се закануваат 45 години затвор!

Уапсен познатиот актер: Платил кауција од над три милиони долари, а му се закануваат 45 години затвор!

Ѕездата на хит серијата „Весели седумдесетти“ од 2017 година е мета на обвинувања за силување.
Актерот Дани Мастерсон, ѕвездата на хит серијата е уапсен вчера под сомнение дека силувал три жени.

Мастерсон беше уапсен вчера наутро, но откако плати кауција, за која американските медиуми тврдат „надминала три милиони“, тој беше ослободен од притвор.

Судот во Лос Анџелес соопшти дека Мастерсон бил обвинет за силување на три жени, како и дека наводните силувања се случиле помеѓу 2001 и 2003 година, во периодот кога се снимала серијата што го направи познат.

фото:јутјуб/принтскрин/evgenedv

Мастерсон преку неговиот адвокат ги отфрли овие обвиненија и рече дека „тој и неговата сопруга се шокирани од обвинувањата за силување по дваесет години, но исто така убедени се дека вистината ќе победи“.

Доколку биде прогласен за виновен, актерот може да се соочува со 45 години затвор, пренесува TMZ.

фото:„profimedia“

Актерот, кој лани беше обвинет од пет жени не само за силување, туку и за закани по делото, во меѓувреме е отпуштен од серијата „Ранч“ на Нетфликс. Оттогаш, веќе две години, не му е дадена никаква улога.

To top