Радио Милева

Уапсен омилениот актер на Мила Царовска: Џокер заврши зад решетки (ФОТО)

Уапсен омилениот актер на Мила Царовска: Џокер заврши зад решетки (ФОТО)

Актерите Хоаким Феникс и Мартин Шин, таткото на Чарли Шин се уапсени како дел од учесниците на протестите на Капитол хил во Вашингтон  посветени на климатските промени.

Феникс која се прослави со улогата на „Џокер“ и Мартин Шин се појавиле на протестот кој го организирала нивната славна колешка, актерката Џејн Фонда. Протестите организирани од Џејн против климатските промени започнаа уште во октомври минатата година.

 

На синоќешниот протест учествувале и други познати личности какко, Сузан Сарандон, Амбер Валета…

Според медиумите холивудските активисти не го послушале предупредувањето од полицијата да се разотидат.

 

Инаку Хоаким Феникс е омилениот актер на екс министерката за Труд и социјала, а сега вицепремиерка за економски прашања, Мила Царовска, која неодамна одговарајќи на 30 -те прашања во видеото изјави дека омилен филм и бил „Џокер“!

To top