Некогашниот фудбалер на „Црвена ѕвезда“ и поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш бил уапсен на аеродром во белгискиот град Шарло.
Како што пренесуваат медиумите, тој бил уапсен бидејќи му истекла дозволата за престој.
Исто така пишува дека актуелниот фудбалер се враќал од одмор од Босна и Херцеговина, а непријатноста се случила на пасошката контрола на аеродром.
Меидумите пренесуваат дека тој тврдел дека е играч на Андерлехт, но дека немал доказ за тоа.
Бидејќи Босна и Херцеговина не е дел од ЕУ, тој мора да поседува виза или дозвола за престој во Белгија, која му била укината претходниот месец.
За потсетување, Врањеш се најде во голем скандал со Јелена Карлеуша со која наводно имал љубовна афера. Наводно, таа му праќала експлицитни фотографии и содржини, а по скандалот пејачката поднесе пријава кон фудбалерот.