Радио Милева за малку, фатална опсесија

Уапсен манијакот опседнат со ќерката на Цеца: Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци минувала низ пекол

Уапсен манијакот опседнат со ќерката на Цеца: Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци минувала низ пекол

Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци се соочуваше со вистински пекол поради непозната личност која ја следела и  малтретирала ќеркатата на  Светлана Цеца Ражњатовиќ на различни начини. Предметот бил пријавен во полиција, по што манијакот е  конечно уапсен.

„Анастасија вознемирувањето го пријави штом сфати дека се работи за човек кој е опседнат со неа, нејзините движења и се што работи. Не само што не и било пријатно сето време да трпи различни форми на малтретирање, туку и целото семејство било вознемирено“ – вели еден извор запознаен со приказната, но додаде дека сега ќерката на фолк пејачката конечно може да здивне и да се врати во нормален живот. Полицијата го презеде случајот и го лоцираше прогонителот, кој беше уапсен и изведен пред суд.

По сослушувањето на обвинителот и лекарските прегледи беше утврдено дека се работи за лице со дијагноза. Дури и за време на апсењето, било јасно дека човекот кој  си поигрувал со Анастасија е ментално нестабилна личност, која не е целосно свесна за своите постапки. Опседнат со нејзината личност,  со работата, ликот и делото на младата Ражњатовиќ, таа му станала опсесија, а како не се лекувал, тоа се повеќе се огледувало во неговото однесување.

Тој по апсењето бил подложен на детални испитувања од експерти и упатен на лекување во психијатриска клиника, каде што тој ќе мине извесно време во иднина, и каде ќе добие лекарска помош. Меѓутоа, во такви случаи, третманот е долг и никој не може да гарантира дека тие лица нема да се однесуваат на ист начин откако ќе излезат од психијатриската болница.

To top