Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ сите ја познаваат како русокоса пејачка која зад себе има добри хитови.
Меѓутоа, за нејзиниот приватен живот не се знаат многу детали, освен дека е мајка на ќерката Ема и сопруга на Бојан.
Имено, екипата на српскиот портал „Ало“, го посетиле крајот каде што живее Илда.
Прво, имале потешкотии да ја најдат куќата на пејачката, а потоа им помогнал еден сосед кој и открил детали за купопродажабата на домот на Илда.
„Секако дека знам која куќа е. Па, тоа е најубавата куќа на Бежаниска коса“ вели Јеремиј Ракиќ, кој одлично е информиран за претходниот сопственик на вилата.
„Ова куќа ја купи сопругот на Илда, Бојан. Неговите родители исто така живеат на Бежанија, а и неговиот брат живее со нив“ вели соседот на пејачката.
Како што вели првиот сопственик на вилата вложил цело богатство во истата бидејќи ја чувал за синот кој живее во Америка.
Меѓутоа, бидејќи одлучил да не се враќа во Србија, донел одлука да ја продаде. Синот на претходниот сопственик на вилата е пријател на сопругот на Илда.
„Куќата ја купи за 400 000 евра, но верувајте дека таа е двапати подобра од онаа која ја купи Александра Пријовиќ за 530 000 евра. По својата структура, но и по материјалот од кој е направена, таа е најквалитетна од сите. Ѕидовите на куќата се дебели околу 70 центриметри“ вели Ракиќ.
Како што вели куќата има 400 квадратни метри и е на три ката.
Еден од соседите не може да се сети дали на кровот на вилата има базен.
„Не можам да се сетам. Мислам дека има базен, но не сум сигурен. Бојан и Илда се прекрасни. Го познавав и Шабан Шаулиќ, Гоца…и тие некое време живееја на Бежанија, но после Гоца ја продаде таа куќа. Таа беше спроти куќата на Драган Стојковиќ Босанац“ вели Јеремиј.
„Сега сум во пензија и често се шетам. Ги гледам редовно и можам да ви кажам се најдобро за нив“ вели Јеремиј.
Од друга страна, една сосетка истакнала дека често ја гледа Илда со ќерката.
„Малата е преслатка. Како кукла е. Многу е паметна и воспитана. Често се шета со Илда, а некогаш ја гледам и со Бојан“ вели сосетката и додава:
„Откако почина Шабан често ја гледам нерасположена. Многу го сакаше својот татко. Се гледаше дека е нејзина миленичка. Некогаш доаѓа и нејзината сестра Санела, па ги гледам заедно како заминуваат со цвеќе…најверојатно одат на гробишта“ вели сосетката на Шаулиќ.