Радио Милева Таа да беше тој...

Твоето лице е познат сурат: Мамо, мамо, Џаро ми е драг… А и како не би, кога е негова (фото)копија! (ФОТО)

Твоето лице е познат сурат: Мамо, мамо, Џаро ми е драг… А и како не би, кога е негова (фото)копија! (ФОТО)
Меѓу мноштвото занимливи  „играчки“ на Интернет и социјалните мрежи, деновиве кај нас особено актуелна стана еднаинтересна апликација. Имено, преку ноќ на Фејсбук почнаа да никнуваат апликации со фотографии од типот: Како би изгледал(а) да си… женско, машко, холивудска ѕвезда, кога ќе остареш… и слично!
И еден куп љубопитни души нормално, веднаш ставија своја фотографија за да се доживеат како познати и славни, како мажи и жени од спротивниот пол или во постари години… И некој повеќе, некој помалку убави или препознатливи, ама сепа се видоа што би било кога би биле… Или поточно, какви би биле да се… тоа што несе!
Меѓу сите љубопитни и по некоја познато дете на уште попознат родител… Како естрадната новинарка Милица Џаровска, ќерка на легендата на естрадното менаџерство во регионот, Велибор Џаровски Џаро.
И очекувано – сличноста е фрапантна. Да му беше син, новинарката немаше толку да личи на татка си! „Плукнат“ Џаро… како помлад!
Своевремено, Сузана Спасовска пееше: „Мамо, мамо, Џаро ми е драг…“! А како и да не и е на Милица, кога ем и е роден татко, ем е „плукната“ (фото)копија на него! На нејзиниот „Благоја“, како што новинарката си го вика така си!
To top