Радио Милева ни престои жешко лето

Туширањето го претворила во вистинско уживање за машките очи: Манекенката ги привлекла сите погледи на плажата

Туширањето го претворила во вистинско уживање за машките очи: Манекенката ги привлекла сите погледи на плажата

Бразилската манекенка Изабел Гулар го претворила одморот на плажа во вистинско шоу за сите присутни, но и за папараците кои со причина го следат секој нејзин чекор.

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, која важи и за една од најубавите жени на светот, била фотографирана како се тушира во минијатурно танга бикини.

Сите погледи на плажата биле свртени кон неа, што се чини дека воопшто не ѝ сметало.

Гулар пораснала во предградие на Сао Паоло со 4 браќа и сестри. Иако остварила успешна кариера, таа немала лесно детство, а поради витката фигура и висината од 179 центиметри, често била исмевана од своите врсници.

Таа во својата манекенска кариера носеше ревии на престижни брендови како „Givenchy“, „Oscar de la Rentа“, „Chanel“, „Ralph Lauren“, „Dolce and Gabbanа“ и „Stella McCartney“. Гулар ги красеше и бројните насловни страници на светските списанија, а со години беше дел од Викторија Сикрет.

To top