Турскиот актер и миленик на жените, Џан Јаман и неговата девојка, италијанската водителката Дилета Леота беа „фатени“ заедно на одмор, штоне е и тешко зашто откако се запознаа, турскиот заводник не ги трга рацете од сексапилната русокоса.
Џан и Дилета беа фотографирани на нивната јахта во Бодрум, иако сакале да бидат сами и да уживаат, далеку од очите на јавноста, папрацо фотографите ја „уловија“ вљубената двојка и тоа во „жешко“ издание.
Актерот беше во гаќички за капење, а Дилета во бикини, што ја истакнуваат нејзината волшебна фигура, но и атрибутите по кои воздивнуваат многу мажи ширум светот.
Обајцата прво уживаа во романтичниот ручек, а потоа легнаа на посланот душек на јахтата… Малку се сончаа и разговараа, а потоа популарниот заводник не можеше да и одолее на својата поубава половина… Или таа нему?
Обземени од страста, Џан ја „повлече“ Дилета, па таа легна врз него. Се милуваа и бакнуваа, а актерот не можеше да ги оддели рацете од облините на згодната водителка.
Инаку, Џан е еден од најпопуларните турски актери и потекнува од Косово и Метохија, што тој самиот го изјави во едно интервју.
„Дедо ми живеел во Приштина, каде што е роден. Никогаш не сум бил таму, не го знам јазикот. Моите родители се родени во Истанбул, исто како мене – изјави тогаш актерот.
Фото: Profimedia/Инстаграм принтскрин/canyaman