Членови на хорот, оркестарот и на танцовата група при Турската државна радио телевизија (ТРТ) вечер во Домот на АРМ ќе го изведат мјузиклот „Легендата на птицата Симург“.
„Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација низ историјата до денес.
Мјузиклот е и средба со традиционалната турска музика, која опфаќа песни испеани во палатите, народни песни од селата и оние на духовните илахии од теќињата, како и средба со автентичните фолклорни танцови и ритуали, како и со литературата низ историјата.
Настапот во Скопје на 45-от ансамбл е во рамките на балканската турнеја на која „Легендата на птицата Симург“, ќе биде изведена во Солун, Тирана, Сараево, Белград, Загреб, Букурешт и во Софија.
Балканската турнеја е организирана под покровителство на Претседателство на Република Турција и е поддржана од турската Влада, ресорните министерства, државната телевизија ТРТ, како и бројни институции од областа на културата..
Мјузиклот досега е изведуван десетина пати, од премиерата одржана на 6 мај 2016-та во Конгресниот Центар „Халич“.