Радио Милева

Турскиот милионер првпат отворено проговори за врската со бившата на Лукас: „Соња е единствената жена која успеа да го освои моето срце“

Турскиот милионер првпат отворено проговори за врската со бившата на Лукас: „Соња е единствената жена која успеа да го освои моето срце“

По еден месец откако се разведе од Аца Лукас, Соња Вуксановиќ започнала врска со турскиот милионер Озкан Шен познат како Мистер Џад.

Богатството го стекнал благодарение на сали за организација за свадба, а првата ја направил на 23 години. Бидејќи неговите родители немале доволно пари, тој работел како градежен работник, а место пари добивал материјал за градење на зградата. Денес важи за еден од најбогатите луѓе во Турција.

Меѓутоа, деновиве медиумите Озкан го поврзуваа со поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ со која е во врска.

Во интервју за стори.рс, Озкан откри како ја запознал Соња и дали планира да се пресели во Србија.

„Не запозна еден еден заеднички пријател на едно случување во Дизелдорф“ вели Озкан и додава:

„Не мораше ништо да направи, само беше доволно да ја погледнам. И покажав кој е Озкан, а не Мистер Џад. Не сакам да откријам на кој начин го направив тоа. Тоа е приватна работа, нека остане меѓу неа и мене. Едноставно, се случи хемија“ вели турскиот милионер.

Дали таа е прва жена од овие простори која ви го привлече вниманието?

„Немав прилика за запознам многу жени од Србија. Соња е единствена која го освои моето срце. Кај неа најмногу ја ценам способноста да ја заслужи и задржи довербата. Тешко е денес да најдеш таква жена“ вели Озкан.

Турскиот милионер Озкан за стори.рс откри дека има заеднички планови со Соња, а еден од нив е да се пресели во Белград.

„Тоа ми е еден од плановите. Белград е преубав и прекрасен град, како и луѓето кои живеат тука“ вели Шен.

На прашањето дали го познава поранешниот сопруг на Соња, пејачот Аца Лукас, Озкан вели:

„Освен Емина Јаховиќ и уште една пејачка со која ќе снимам дует не познавам ниту еден музичкар од овие простори. Не ме интеренсира минатото. Секогаш гледам пред себе, односно што се случува во моментот и правам планови за иднина“ вели новото момче на Соња.

И по три месеци врска, Озкан не престанува да и се додверува на Соња, па на домашна адреса и испратил 1001 ружа.

фото: ата имагес/антониоахел/бојанстаниќ/владимирлукиќ/српскителеграф

Останати вести од Радио Милева