По долго и тешко боледување, на 75-годишна возраст почина познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија.
Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена и препознатлива по својот актерски физикус и вонредниот талент.
Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во познатата турска серија „Величенствениот“.
Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери.
Нејзините колеги, колешки од македонската,но и од турската сцена се простија од нашата позната актерка.
Актерката Гуленај Калкан или на публиката позната како Фериде од „Забрането“ исто така се прости од Сабина.
Имено, таа објави заедничка фотографија со актерката а во описот напиша:
„Сабина, душо“ и стави срциња.
Од Сабина се простија и Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Јелена Жугиќ.