Младата пејачака Милица Павловиќ во среда го прослави својот 27 роденден, а веднаш по прославата отпатува во Турција каде што имаше настап.
Менаџментот на познат хотел во Бодрум ова лето вгости многу познати ѕвезди од Европските држави, а од Србија гостинка беше Милица.
Милица за потребите на овој настап мораше да го промени и својот репортоар. Па така, освен своите песни таа пееше и песни и на други јазици што предизвика воодушевување кај публиката.
Доаѓањето на Милица во Труција предизвика голем интерес, па турските медиуми објавија неколку репортажи за настапот на Милица.
Павловиќ е презадоволна како поминал овој настап, меѓутоа меѓу публиката бил присутен и некој милионер, пренесуваат српските медиуми.
„Навистина сум презадоволна како помина овој настап. Ова е првпат како пеам на луѓе кои не се од наше подрачје.Морам да признам дека се изненадив на интересот на турските медиуми за мојот настап, а новинарите ми рекоа дека ме забележале претходната година. Што се однесува до публиката, посебно машкиот дел, бев преморена и исцрпена, едвај успеав да ги видам членовите на мојот бенд кој беа на метар од мене, вели Милица.
фото: Самет Адау