Вчеравечер, 9-ти мај 2023 во Ливерпул се одржа првата полуфинална вечер на годинешниот избор за песна на Евровизија. На неа, трет по ред настапи претставникот на Србија, Лук Блек. Тој се претстави со песна насловена „Само ми се спава“ (Само ми се спие).
Блек го започна настапот лежејќи, а потоа се вклучи во танцовите движења придружувајќи им се на неколкуте танчери во скафандери и со маски на нивните лица.
Тој вчерашниот настап го посвети на трагедиите што ја снајдоа Србија. На сцената стави црна лента, а на самиот крај од феноменалниот настап кој имаше емотивна порака, следеше громогласен аплауз.
Видеото од настапот погледенете го тука: