За Лила Филиповска навидум како да никогаш не постои време за пауза.
Најпопуларната водителка и инфлуенсерка во земјава е неуморна од се’ она што може и сака да го направи. Познато е дека на прво место покрај примарната професија како водителка на гејм шоуто „Се или нешто“, е инфлуенсерството каде исто така е перманентна, а клиентите чии производи ги рекламира, со години соработуваат со неа.
Оттука, логично се надоврзува обостраното задоволство и препишаната доверба и лојалност. На Инстаграм профилот на Лила никогаш нема објава која е последна, зашто не треба да помине многу време за да осамне следна и следна…
View this post on Instagram
Па така, една од нејзините најнови, поточно видео, Лила со повод за еден таков свој редовен ангажман се стокми во специјално ултра секси издание за кое освен црниот боди корсет не и беше ништо друго потребно за силен впечаток и максимално привлечено внимание.
View this post on Instagram
Откако ја промени фризурата, односно има шишки, Лила особено им се допаѓа на фановите и следбениците. Во ова издание во фокус беа корсетот, фризурата и накитот на кој таа го стави акцентот, а следбениците секако тоа го забележаа и ја преплавија со ласкави коментари и тоа дека изгледа бомбастично секси.
За пакетот да биде комплетен, Лила се потруди визуелно, но и за аудиото или музиката чиј избор падна на „Liberian girl“ од Мајкл Џексон што беше совршено надополнување.
фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska