Единствено што и пречи на пејачката е што не може да ја види саканата кога сака, бидејќи Таса често е во Шпанија поради врската со фудбалерот на Севиља.
-Ќе излажам ако кажам дека не ми е тешко да биде во друга земја. Ми недостасува! Но, се’ е простено затоа што избрала одлична дестинација, а најмногу ми се допаѓа момчето кое го запознала. Немања е одлично момче! Тие се многу среќни, уживаат во љубовта. Целото наше семејство ги поддржува. Им посакуваме се најдобро – вели Цеца и додава дека еден ден би сакала да ја види ќерка си во среќен брак:
View this post on Instagram
– Знам дека на многу луѓе денес не им е важна хартијата, но мислам дека е важно да се биде во брак, за брачните другари и нивните деца да имаат исто презиме. Тоа, меѓу другото, прави едно семејство. Подобро е да си во брак поради децата. Но, секој има право на свој избор.
И додека Анастасија е во Шпанија, каде средува документи за постојан престој во таа земја, Вељко ужива во Тител, каде што си го нашол својот мир.
– Не го сака градот и гужвите, преферира помирни места. Ја сака природата и спортот. Цел ден тренира и вози четворка. Среќен е, а тоа ми е најважно – ја заклучува приказната Цеца.
фото:Инстаграм принтскрин