Радио Милева лицето кажува се'

Цеца скрешена од тага: Пејачката првпат во јавноста по неуспешната бременост на Анастасија (ФОТО)

Цеца скрешена од тага: Пејачката првпат во јавноста по неуспешната бременост на Анастасија (ФОТО)

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ за првпат се појави во јавноста откако веста за губењето на бебето на нејзината ќерка Анастасија одекна како бомба во јавноста.

Иако во минатото се наоѓала во многу тешки ситуации, таа професионално си ја извршувала работата за која е платена, па така и вчера излезе пред публиката, но нејзиното лице покажуваше дека оваа болка не е како другите.

Имено, фолк дивата вчера се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а  како и секогаш беше згодна и добро облечена. Но, таа пред насобраните новинари се појави без препознатлива насмевка, а не сакаше ниту да дава изјави. Тогаш јавноста сè уште не знаеше дека Анастасија и Немања го загубија своето бебе, па на сите им беше чудно што пејачката без да каже збор помина покрај фоторепортерот, не сакајќи да разговара или да се фотографира.

На нејзиното лице се гледаше тагата, но, бидејќи е тежок професионалец, фолк дивата дојде на вчерашното снимање и си ја заврши задачата како што знаеше.

Искрено се надеваме дека Анастасија и Немања, како и нивните семејства, ќе најдат сила да се справат со болката со која се соочиле.

фото: Ata images

To top