Радио Милева емотивно

Цеца Ражнатовиќ сподели фотографија со својата најдрага пријателка, а малкумина знаат од кога тие две се дружат (фото)

Цеца Ражнатовиќ сподели фотографија со својата најдрага пријателка, а малкумина знаат од кога тие две се дружат (фото)

Цеца Ражнатовиќ го прослави празникот Свети Никола, а Маријана Матеус, која беше дел од убавите моменти на фолк ѕвездата, со години е задолжителна гостинка на сите прослави на пејачката.

Иако  уживаше во друштво на многу пријатели и членови на семејството, Цеца објави фотографија само со Маријана, за која еднаш објасни колку и значи.

На најновата фотографија Цеца е облечена во бретели, додека Маријана е цела во црно со ракавици во иста боја. Пејачката додала и опис на оваа фотографија:

– Мојата најдрага Маријана Матеус.

Тие две се зближија во најтешките моменти за фолк ѕвездата кога беше во домашен притвор во 2016 година. А Матеус еднаш откри како се запознале таа и Цеца:

– Можеби луѓето мислат дека се запознавме на нечиј концерт, но се запознавме на училиште. Ќерка ми една година живееше во Србија и одеше на училиште со Вељко. Никогаш нема да го заборавам првиот пат кога ја видов Цеца на родителска средба – изјави Маријана Матеус.

А Цеца потоа раскажа колку и значело пријателството на Маријана во моментите кога и било најтешко: – Пријателството датира од тоа време и во добро и во лошо. Сите го знаете периодот кога бев дома, малку подолго, тогаш Маријана почесто доаѓаше во Белград и не пропушташе да мине да ме види. Секогаш кога доаѓала со полни раце подароци и тие се пријатели кои никогаш не се забораваат. На моите деца секогаш им носеше разни подароци за да ги расположи – изјави Цеца.

Маријана, која вообичаено живее и работи во Лондон, неколку пати ја угостила Цеца, а Ражнатовиќ истакнува дека фантастично се забавувала секој пат кога престојувала кај Матеус.

– Секогаш кога бев со Маријана во Лондон, таа ме носеше на најлуксузните места каде што излегуваат сите светски лица. Најдобрите креации што ги имав беа преку Маријана – вели Цеца.

Фото: Принтскрин/Instgaram/cecaraznatovic

To top