Цеца Ражнатовиќ на суд го доби композиторот Александар Милиќ Мили.
Имено, Цеца и Мили завршија на суд бидејќи пејачката сфатила дека тој се регистрирал како сопственик на сите албуми што ги направил со пејачката, иако договорот бил сосема поинаков.
Договорот бил сопственичките права да бидат пола-пола, така што Мили не го почитувал и поради тоа завршиле на суд.
Mediji su skoro pisali kako Ceca ima 2 milijarde pregleda na svom Jutjub kanalu, što nije istina jer je ona to dostigla još pre 7-8 godina, zato mi je drago da sređuje kanal i da će se svi milionski ‘private’ snimci vratiti pa ćemo videti pravu cifru!😍 + dobila Milija na sudu!👌 pic.twitter.com/GRcf2jKzZK
— Ceca Press (@PressCeca) February 5, 2024
– Сега се се средува, каналите на Јутјуб се средуваат и мојот канал се средува. Некои песни беа повлечени додека не се расчистат некои работи, јас сум на суд со Мили токму поради тие фонограми, бидејќи договорот беше да бидат 50-50, тој ги презеде сите 100 проценти. Сега судот досуди да биде 50-50 колку што требаше. Морам да и кажам на мојата публика дека не се работи за тоа што каналите се неорганизирани, сите песни се таму, туку мора да се почитуваат работите и се да се стави на свое место – изјави таа во „Премиера“ .
Да потсетиме, се започна кога Цеца сфати дека Мили се регистрирал како сопственик на фонограмот на сите албуми што ги направи со Цеца.
-Договорот беше сосема поинаков, поради што Цеца откако го дозна тоа реши да ангажира адвокати и да поведе судска постапка против поранешниот соработник – вели изворот.
– Проблемот е што лицето кое ги поседува фонограмите има право да заработува пари од апсолутно сите дигитални платформи. Во превод, за наплата и профит. Во времето кога Цеца и Мили правеа албуми тоа не беше договор. Тој рече дека секоја песна и припаѓа на Цеца во целост, со оглед на тоа што тој бил платен за работата на секоја песна, а Цеца го финансирала секој нејзин албум во целост. Мили, значи, како соработник, за работата добивал онолку колку што барал и онолку колку што било договорено. Сепак, тој се пријавил како сопственик на фонограмот без знаење на Цеца – изјавил извор за Телеграф.
Фото: printskrin/instagram/cecaraznatovic/miligramofficial