Мегафон

Центар за култура – Битола ја започнува музичката приказна за оваа година

Центар за култура – Битола ја започнува музичката приказна за оваа година

НУ Центар за култура – Битола со 3 концерти ја започнува музичката приказна за оваа година, која ќе биде богата и ќе понуди различни музички продукти за различни музички вкусови, а Ваше е да ги запаметите датумите.

Месецот на виното и љубовта е резервиран за традиционалниот концерт на НУ Центар за култура Битола и Камерниот Оркестар на Битола IW конект наречен како “Засекогаш во срцата”. Оваа година двата концерти ќе се случат на 24-ти и 25-ти февруари, а се посветени на музичките великани Тоше Проески и Пепи Бафтировски.

Месецот на жената е резервиран за актерот и музичар Иван Босиљчиќ кој на 4-ти март ни доаѓа со својот бенд. Не очекува една прекрасна поетско-музичка вечер насловена како “Наша вечер”.

За почеток на продажбата и за цената на билетите наскоро ќе има повеќе информации. Резервации нема да има, за да може секој да има еднаков третман.

To top