Јутјуберката Луна Ѓогани во емисијата „Премиер – специјален викенд“ зборуваше за мајчинството и кариерата, а на самиот почеток откри дека ужива во мајчинството и се труди слободното време да го поминува со семејството.
– Децата се многу врзани за мене и јас сум многу среќна поради тоа. Сега растат и се многу интересни. Постарата ќерка сè уште покажува љубомора, која веќе ја спомнав, но полека ќе помине. Се навикнав на мајчинството и обожавам да поминувам време со моите деца – изјави Луна, а потоа откри како ја поминува неделата со семејството:
– Во недела обично ручаме заедно, се одмораме, легнуваме, се гушкаме, се бакнуваме! Одиме во некој трговски центар, да бидеме заедно. Немаме многу време да бидеме заедно во текот на неделата, па викендот го одвоив за вакви активности – рече таа и откри дали планирала толку брзо да ја исполни својата улога на мајка:
– Не можеш ништо да планираш во животот. Сè се случи некако брзо, спонтано, но успеав! Мајка ми многу ми помага и се надевам дека ќе го имам истиот однос со моите ќерки како што има мајка ми со мене. Господ ќе дозволи да бидам како неа на нејзини години – вели Луна. Ѓогани откри и дали ќе и се врати на музиката и дали можеби сака да се поврзе со мајка и и татко и преку музика:
– Целосно ја баталив музиката. Почнав да се бавам со некој вид на водителство. Изградивме студио. Ми се допаѓа тоа, тие подкасти. Веќе имав некои емисии и гости. Ќе ги поканам и моите родители да посетат, но посебно секако. Што се однесува до тоа спојување во музичка смисла, ако се појави добра песна, како добар маркетинг, може да се случи, зошто да не – заклучи Луна во емисијата Премиер викенд специјал.
Фото: printskrin/instagram/