ТВ водителката, писателка и музичар, Сузана Турунџиева, наскоро ќе стане баба.
Нејзината ќерка Лора за кратко време ќе ја израдува со внуче, а идната мама најпосле реши да го покаже трудничкото стомече.
Имено, Лора е доста активна трудница која максимално ужива во зимата заедно со сопругот Филип, сестричката и мајка си.
Неодамна беа во Крушево каде се опуштаа, забавуваа и рекреираа, а во таа прилика убавата Лора се фотографираше заедно со саканиот, а од приложеното, веќе се гледа нараснатиот труднички стомак.
Лора е веќе во поодмината бременост, но се уште не откриле дали носи момче или девојче.