Радио Милева
„Бев среќен“

Трошна куќа без прозори: Топалко ја покажа куќата во кој пораснал (видео)

Трошна куќа без прозори: Топалко ја покажа куќата во кој пораснал (видео)

Милан Топаловиќ Топалко го посети родното Трудово на Златар, а по тој повод во кратко видео ја покажа куќата во која сега живеат неговите родители, но и куќата на дедо му во која живеел до својата 10-та година.

Имено, Топалко претходно изјави дека често легнувал со капа во зима бидејќи било студено, а сега е откриено дека навистина било така.

– Потребите на човекот за живот се вода… воздух… нешто да се јаде… нешто да се облече и некаде да спие… Сè друго се желби… Но желбите се извор на страдање, колку повеќе посакуваш, толку повеќе страдаш. Роден сум во оваа куќа и живеев првите 10 години со 6 членови на семејството во тоа време. Верувајте ми, јас тогаш бев среќен… затоа уживајте во она што го имате – порача пејачот на Инстаграм.

Останати вести од Радио Милева