Во новото премиерно издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ само неколку часа пред нивниот голем скопски концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во сабота на 28 април, гости ќе бидат Сале и Жути од „Тропико бенд“.
За успешната музичка но и животна епопеја од Лесковац до Белград, за свирките од кафулиња и сплавови, до клубови, дискотеки и големи концертни сали, за желбата да се стане танчер, а да се заврши како пејач, за фолклорот и попот, за персоналните измени во бендот, за првата песна испеана во шифоњер со ќебе на глава, за соработката со најголемите српски композитори и дуетите со најпознатите балкански ѕвезди како Џенан Лончаревиќ, Ацо Пејовиќ, Цеца…, за непроспиените ноќи и работата во „трета смена“, за спектаклот во белградска „Арена“, за тоа како Сале пее македонски песни, за приватниот живот и семејството, за сето она што не сте го знаеле, а отсекогаш сте сакале да го дознаете за вашите идоли… Екслузивно и премиерно, в сабота, на 28 април, од 14.35 часот на ТВ 24… „Тропико бенд“ на „исповед“ кај Бојана Скендеровски во „Улица Македонија“!