Радио Милева

Тргнаа да им ја „украдат“ работата на шефовите, па им го „украдоа“ шоуто: Кои двајца скопски боеми направија урнебес, ама не салата, во „Брза кујна“?

Тргнаа да им ја „украдат“ работата на шефовите, па им го „украдоа“ шоуто: Кои двајца скопски боеми направија урнебес, ама не салата, во „Брза кујна“?

Кулинарското ТВ шоу „Брза кујна“ ги доживува ѕвездените мигови на својата популарност. Шефовите Марк и Никола  секојдневно приготвуваат слатки и вкусни рецепти на кои ретко кој може да остане рамнодушен. Шармантната водителка Александра пак, секогаш е таа што придонесува за координацијата на шефовите и дополнителна доза позитивна енергија која трае од почеток до крај на секое издание на емисијата.

Арно ама, во секоја емисија има и различни гости,со различни карактери, табиети, навики и умешност за готвење, ама и за забавно однесување пред ТВ камерите. Во едно од последните изданија, имаше специјални гости. Двајца „откачени“ скопски боеми! Тргнаа со намера „да им ја украдат работата“ на двајцата шефови, ама како тоа оди малку потешко, на крај се потрудија барем да им го „украдат“ шоуто!

Со своите довитливи дофрлување, смисол за хумор, скопски „јадачки и закачки“, музичките боеми Горјан Стојановски и Трајче Толевски  „Брза кујна“ од готвачко ја претвоприја во забавно ток шоу, полно со шега, смеа,  забава…

Шеф Марк и Трајче беа тандем, а шеф Никола и Горјан им беа опоненти. И во готвачките мајстории и во забавните лудории.

Кој од нив победи, пиперката или доматот, зелената или црвената кујна и што се’ зготвија, а што како урнебесна забава на присутните во студиото и ТВ гледачите им приготвија… сепак ќе морате да гледате во „Брза кујна“.

Во меѓувреме, погледнете само кусо видео директно од  домашниот гастрономски „тренинг камп“ на Горјан Стојановски- Гокса, додека тој се подготвуваше и се загреваше за настапот во „Брза кујна“. Боемско чајче од ѓумбирче… за подобро здравје! Епа, наздравје!

Останати вести од Радио Милева