Фановите на Меган Маркл ја обвинија дека ги брише коментарите на фотографиите, а се започна откако војвотката и војводата се одлучија да го напуштат кралското семејство.
Имено, како што пренесуваат странските медиуми на „Инстаграм“ профилот на Меган и Хари е преполн со негативни коментари откако парот се одлучи да се повлече од кралските должности.
Имено на нејзината последна објава која е насловната страница на „Вог’ предизвика општ хаос, па се нижеа негативни коментари, а наводно Меган ги избришала.
„Треба да посетиш психијатар и да престанеш да се играш со социјалните мрежи. Не го заслужуваш овој профил. Направи си сопствен, промовирај си и заработи пари од него, а не од кралското семејство.Биди финасиски независна“ и порачаа на Меган Маркл.
Имаше коментари на корисници кои потврдија дека нивните претходни коментари исчезнале.
„Да, мојот коментар е избришан, а напишав дека има лош вкус за уредување“ гласи еден од коментарите.
„Каде се сите негативните коментари со преку 200 лајкови? Навистина е безобразно да дозволите да коментирање, а потоа да ги бришете коментарите“ порачаа следбениците на социјалните мрежи.