Радио Милева го држат за збор

Трајче Толевски и Душко Георгивски со донации и песна дојдоа да ги израдуваат згрижените во домот за стари лица во Злокуќани, но како: „Има ли некој што денес може да запшее и заигра?“

Трајче Толевски и Душко Георгивски со донации и песна дојдоа да ги израдуваат згрижените во домот за стари лица во Злокуќани, но како: „Има ли некој што денес може да запшее и заигра?“

Трајче Толевски со прекар Мајка, познат македонски музичар, фолк изведувач и скопски угостител, е познат и како главниот „човек за штимунг“ во „Мерак меана“.  Во истто шоу еден од естрадните фолк уметници кои неодамна гостуваа беше и пејачот Душко Георгиевски.

Токму овие двајца естрадни уметници решиле да ги израдуваат  згрижените во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, како претставници на ним омилената забавно-музичка фолк емисија.

Мајка и Душко посетата ја закажале токму за понеделник, 04. декември, кога  како двајца распеани и разиграни дедомразовци сакаа да ги израдуваат старите лица со своето присуство. Арно ама…

Она што се случи, страшната тарорна вест за убиството на малата Вања и велешкиот фризер која пристигна претходната вечер не остави простор за радост, која беше заменета со тага на секој нормален граѓанин на оваа земја.

Естрадните уметници посетата не сакаа да ја откажат, но радоста и дружбата со згрижените лица во домот не можеа да ја споделат на оној начин, на кој замислуваа и посакуваа. „Новогодишниот базар“ полн со сувенири и украси подготвен од вредните  раце на пензионерите не изостана, како ни дружбата со нивните омилени изведувачи, но не и песната и забавата…

А како? Тој ден, а и деновиве потоа имаше ли душа некој воопшто да се радува, а камо ли да пее, игра, да се весели…

Токму затоа Трајче – Мајка сподели само неколку фотографии од  рачно изработените ескпонати за „Новогодишниот базар“ на старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани, па заедно со својот статус ги објави на личниот Фејсбук профил со едно големо ветување.

„Фотографиите се од вредните раце на пензионерите од установата ‘Мајка Тереза’ – Злокуќани, каде денес како дел од програмата ‘Новогодишен базар’ како гости од нивната најгледана емисија ‘Мерак меана’ на Сител ТВ, да бидеме јас и Душко георгиевски, да го опфатиме музичкиот дел.  Но, како? Има ли некој што денес може да го отвори срцето и да запее, заигра…? ветивме дека ќе дојдеме наредна прилика“ – споделил музичарот. А згрижените во домот за стари лица во Злокуќани го држат за збор!

Фото: Фејсбук/Trajce Tolevski/Dusko Georgievski

 

 

 

To top