Мегафон Почивај во мир

Трагично заврши животот на Ванчо Петрушевски!

Трагично заврши животот на Ванчо Петрушевски!

Медиумите и социјалните мрежи се преплавени од веста дека македонскиот актер и доајен на Драмскиот театар во Скопје, Ванчо Петрушевски (67) починал. Засега е познато дека животот на Петрушевски згаснал најверојатно поради струен удар во неговата викендичка во Орешани. Итната медицинска помош не можела да му помогне на настраданиот актер, а случајот е потврден и од МВР. Колегите на легендарниот актер преку статуси на своите профили во неверување се простуваат од својот пријател и колега.

-Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар.

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје.

Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично.

Има добиено и значајни награди како: „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски.

Потоа во 1987 година е прогласен за најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“, а исто така ја добил и наградата за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“.

Ја доби и онаа за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Д. Ковачевиќ, како и државната награда 23-ти Октомври за остварување во областа на културата и уметноста  во 2016 година.

 

To top