Шабан Шаулиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа по настапот вчеравечер во Германија, а откако бил префрлен во болница, пејачот почина.
Според неофицијални информации, ѕвездата на народната музика во автомобилот бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во близина на Билефелд, каде пеел.
Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 година во Шабац, српски пејач на народна музика, музичар и продуцент. За време на неговата богата кариера од медиумите и публиката, тој беше наречен “крал на народна музика”.
Шаулиќ живееше и работеше во Белград. Со неговата сопруга, Гордана има три деца – Санела, Илда и Михаил.