Момир Ѓоковиќ, чичкото на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, се обеси пред четири години во својата куќа во Краљево, пишува српски Курир. Тој дигнал рака на себе бидејќи не можел да го поднесе неверството на сопругата која го изневерила во Австрија, каде живее, и така го присвоила целото богатство.
-Момир по професија беше рударски техничар и скоро четири децении се занимаваше со проучување и обработка на минерали и од тоа се згогати, наведува соговорникот кој е добро информиран за трагедијата.
-Беше многу добар човек, чесен и вреден. Но не само тоа. Беше богат и успешен, ценет и почитуван во Србија, но и надвор од неа. Долго живееше со сопругата во Австрија. Меѓутоа, пред 15 години поради документи мораше да се врати во Србија. Неговото враќање во родната земја го искористи сопругата и го прогласи за мртов. Го изневери! Парите кои ги заработуваше му останаа заробени кај неа. Се обидуваше да докаже дека е жив, но залудно. И пишуваше на амбасадата во Австрија, докажуваше дека е прогласен мртов, но неговотао барање не беше усвоено, објаснува изворот.
-Тој вели дека чичкото на Новак по неколкугодишна борба кренал раце и заминал да работи како обезбедување во Словенија.
-Работеше ден и ноќ
Се бореше како лав за да преживее, но се јадеше што не можеше да живее како порано. Го мачеше и тоа дека сопругата го изневери. Набрзо ја напушти и Словенија и поради тоа што немаше каде, одлучи да се врати во Србија. Последните години живееше скромно, речиси на раб на егзистенција. Се обидуваше да најде драги камења во Србија, но во тоа не успеал, по што пријателите тврдат дека тоа ја прелило чашата за да се обеси.
-Таткото на Ноле многу му помогна, но Момо не сакаше да живее таков живот. Се обеси во својата куќа кога му ја исклучија струјата. Долговите за порез и комуналии се зголемуваа, а тој не сакаше да биде на терет на неговиот брат и неговото семејство. Целото семејство Ѓоковиќ беше потресено од веста дека Момо си го одзел животот, не можеа да веруваат, завршува изворот за оваа трагедија во семејството на славниот тенисер.