Радио Милева тажно

Трагедија во семејството на познатата актерка: Почина помалиот брат на Шерон Стоун

Трагедија во семејството на познатата актерка: Почина помалиот брат на Шерон Стоун

Помладиот брат на холивудската актерка Шерон Стоун, Патрик Стоун, почина во Пенсилванија на 58-годишна возраст поради срцев удар, објави ТМЗ.

Патрик почина речиси две години откако неговиот син Ривер, кој го имаше со сопругата Таша, почина кога имаше 11 месеци од откажување на органите. 64-годишната Шерон последен пат била видена во јавноста како насмеана излегува од ресторан во Беверли Хилс, а немало индикации дека можеби е загрижена за здравјето на својот брат.

Сопругата на Патрик, Таша, на социјалните мрежи ја сподели трагичната вест за шокантната смрт на нејзиниот сопруг.

– Не сум сигурна како би требало да изгледа животот без мојот сопруг покрај мене и искрено не сакам. Само се надевам дека секогаш ќе бидеш покрај мене и ќе не чуваш, додека не се сретнеме повторно, вечно ќе те чувам тебе и нашите прекрасни  спомени при моето срце и секогаш ќе ги посетувам тие спомени. Те сакам душо. Моја желба е низ сето ова, барем Ривер сега да го има својот татко и се надевам дека вие двајцата ќе си поминете најдобро“, напиша Таша во трогателната објава.

Шерон  покрај него ја има сестрата Кели Стоун и брат Мајкл Стоун. Во својата книга „The Beauty of Living Twice“ напишала дека е блиска со Патрик и дека во последните години подобро се согласува со Мајкл. Таа последен пат објави фотографија со Патрик во септември 2018 година, кога со децата отидоа на семејно патување во Алјаска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

– Почивај во мир мој Патрик – напиша таа во објавата.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top