Мегафон Животот го заврши на 48 години

Трагедија: Почина актерот Небојша Глоговац!

Трагедија: Почина актерот Небојша Глоговац!

Актерот Небојша Глоговац (48) почина синоќа во Клиничкиот центар Србија, пренесуваат српските медиуми.

Според пишувањата тој починал на одделот за пулмологија, каде поради влошена здравствена состојба е примен пред два дена.

Глоговац и пред 10 дена бил итно примен на Институтот за онкологија. Тогаш медиумите пишуваа дека познатиот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Од актерот утринава на Фејсбук се прости и неговата колешка Наташа Нинковиќ, како и Тијана Дапчевиќ, музичарот Жељко Јоксимовиќ.

-Засекогаш во моето срце! Со ангелите мил мој… напиша актерката.

-Остана голем уметник!Тага!вечна ти слава Небојша, сочувство до семејството, напиша Јоксимовиќ.

-Е мој Глоги…прерано! Нека те чуваат ангелите!, се прости и Тијана Дапчевиќ.

Инаку, Небојша Глоговац е роден на 30-ти август, 1969 година во Требиње, во семејство на свештеникот Милован и Милена Глоговац.

Семејството се пресели во Панчево кога Небојша имал само 7 години. Глоговац имаше мала улога во 1987 година во тогаш многу популарната серија „Бољи живот“.

По средното училиште запишува студии по психологија во Белград, а по две години студии се предомислува и во 1990 запишува глума на белградскиот факултет за драмски уметности.

Глоговац играше бројни улоги како на телевизија така и во театар.

Една од неговите последни улоги беше во ТВ серијата „Неманјиќи – Раѓање краљевиње“, која наскоро ќе почне да се емитува на РТС. Ја играше улогата на Вукан, најстариот син на Стефан Немања.

To top