Моделот Џереми Рулман ненадејно починал, а причината за смртта се уште не е позната.
Модниот дизајнер Кристијан Сириано на својот Инстаграм профил објави фотографија од Рулман направена за време на една од нивните соработки.
„Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој беше толку убава душа“. Ова е за Џереми, најубавиот човек кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на се“, напиша Сириано, а потоа додаде:
View this post on Instagram
„Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен човек. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Почивај добро, сите те сакаме многу!“
Џереми е роден во Њу Џерси, студирал психологија, а потоа почнал да се занимава со манекенство.
фото:Инстаграм/ruehlemann