Радио Милева

Трагедија: Актерот изврши самоубиство откако претходно пукаше во својата девојка

Трагедија: Актерот изврши самоубиство откако претходно пукаше во својата девојка

Актерот Хејген Милс (29) изврши самоубиство во својот дом во Мекфлид откако претходно пукаше во мајката на својата ќерка.

Според извештајот на полицијата, во вторник вечер добиле повик, а пред домот на актерот  ги дочекала Ерика Прајс која имала рана на рацете и градите.

Таа за полицијата изјавила дека Хејген прво пукал во неа, па во себе.

Актерот починал лице место.

Прајс веднаш била пренесена и оперирана во болница, а сега е во стабилна состојба.

Како што пишува „Deadline“, Хејген во куќата ги затворил мајката и ќерката на Ерика додека таа не се појавила.

„Кога Прајс влегла во куќата пукал во неа, а потоа оружјето го сврте кон себе. Мајката и ќерката на Ерика не се повредени во текот на инцидентот“ велат од полицијата.

Милс е познат по серијата „Baskets“, како и комедијата “Swedish Dicks”.

To top