Мегафон

Традиционалниот Виенски концерт на 1-ви јануари 2021 година без публика: На ТВ и онлајн, но пред празна сала (ВИДЕО)

Традиционалниот Виенски концерт на 1-ви јануари 2021 година без публика: На ТВ и онлајн, но пред празна сала (ВИДЕО)

Салата на Музикферајн во Виена на 1. јануари 2021 година ќе остане празна , а оркестарот ќе ја отсвири предвидената програма за милионската публика ширум светот кои ќе ја следат онлајн.

И овој настан ќе биде во согласност со новата, не така пријтна реалност. Како што соопшти ОРФ, австрискиот радидифузер кој секоја година го пренесува концертот, овој пат публиката од целиот свет, без оглед на тоа дали има билет или не, ќе може да го сними својот аплауз. Потоа тој ќе биде синхронизиран со концертот, со кој оваа година по шести пат во својата кариера ќе диригира Рикардо Мути. Тој ќе биде пренесуван во над 90 земји.

„Радецки марш“ како шлаг на секој ноогодишен концерт исполнет со плескањето на со рацета на публиката овој пат ќе остане,  а целата програма ќе се изведува пред празна сала. Ќе ги нема воедначените аплаузи и насмеаните лица, упатени кон секогаш шармантниот диригент.

Oдлуката за виртуелно одржување доаѓа откако владата на Австрија одлучи дека нема да можат да се одржуваат концерти до 6 јануари 2021. Така, на тие што веќе имаат купено влезници, парите ќе им бидат вратени.

https://www.youtube.com/watch?v=jCILGz9The8&feature=emb_logo

To top