Хрватска одлучи да посвети споменик за нашиот Тоше Проески кај Нова Градишка во близина на несреќата.
Иако поминаа 14 години од несреќата, немаше никакво обележје во близина на несреќата во која Проески го загуби животот со автомобил возејќи се кон Загреб.
Камената статуа на музичарот е дело на скулпторот Славко Буниќ, а идејата Тоше да добие споменик во Нова Градишка била на Ѓуро Хорват, директор на хрватската компанија „Техникс“, која соработувала со македонски претпријатија.
Проески загина во утринските часови на 16. октомври откако неговиот џип удри во приколка на камион, при што Тоше им подлегна на повредите, додека неговата тогашна менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓи Ѓорѓиевски ја преживеаја несреќата.
фото: фејсбук