Скандалозниот бугарски топ модел Кристин Каменова повторно ги вжари социјалните мрежи и тоа токму кога Бугарите го празнуваа Божиќ.
Русокосата старлета очигледно многу не ги почитува правилата, ама затоа ја почитува традицијата и тоа онака, како што нејзе и одговара. Впрочем, нејзино мото е: „Ако им се потчинуваш на правилата, ја испушташ забавата“. Затоа, таа објави празнична фото-снимка, на која е фотографирана топлес, само по црвени гаќички и божиќни чорапчиња во празничен амбиент.
Традиционално, Кристин заборави да го стави на себе својот градник, а нејзините огромни силиконски гради, кои станаа многу популарни, ги прекрива со рацете. Иако фотографијата е објавена на Бадник, таа доби многу позитивни коментари и апели повеќе да не ги крие своите најсилни адути со рацете.
Ова е една од последните фотосесии на Каменова со овие гради.
Се очекува во првите недели од 2019 година повторно да подлегне на хируршки зафат да ги замени старите силикони со нови – уште поголеми.
Извор: Новини.бг
Фото: Инстаграм принтскрин