Хелена Топаловиќ важи за една од најатрактивните ќерки на познатите, а токму поради нејзиниот изглед, но и заради нејзините љубовни афери со познати мажи, таа постојано го привлекува вниманието на јавноста.
Додека Хелена на едни им е токму по мерка, други ја критикуваат поради „пренапумпаните“ усни, но таа сè уште не може да се одбрани од секојдневните додворувачи. Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко е слаба точка на пејачите, така што едно време беше во врска со ѕвездите на „Гранд“ Јоцо Стефановиќ и Слобо Васиќ, а медиумите ја поврзуваа и со други познати личности од јавниот, естрадниот и спортскиот живот.
Сегашниот емотивен статус на Хелена Топаловиќ е непознат, затоа што таа во последно време ги избегнува медиумите.
Она што е сигурно е дека таа сè уште е популарна на Инстаграм, а од она што го гледаме на фотографиите што ги објавува, можеме да заклучиме дека животот го живее на висока нога. Хелена посетува луксузни дестинации, престојува во елитни хотели, оди на вечери во скапи ресторани…
Хлена моментално работи како менаџер во еден елитен клуб во српската престолнина, поточно сплав, а можете да видите каков живот води сега, на фотографиите во галеријата на нејзиниот Инстаграм.