Тони Цетински во петокот во попладневните часови во Ровињ предизвика сообраќајна несреќа, а се уште не е утврдено дали мажот кој настрада во тој момент лежел на земјата кога Тони наишол со автомобилот или стоел.
Пејачот тогаш кажа дека тоа е најлошиот ден во неговиот живот, а вчера за првпат се огласи и на социјалните мрежи.
Тој на Фејсбук сподели два статуса, еден со песната „Ако“, а другиот статус го посвети на пријателите.
-Пријатели. Се борат за тебе. Те почитуваат. Те дружат. Те охрабруваат. Ти требаат. Те заслужуваат. Стојат до тебе, напиша пејачот.