Пејачот Тони Цетински ја продава својата луксузна вила со базен за 1 250 000 евра.
Тој оваа куќа ја добил пред 12 години од неговите родители Мирко и Винка, а како што истакнува на нив не им пречи што ја продава.
„Таа куќа е на дедо ми, со текот на годините ја реновиравме. На моите не им пречи што ја продавам. Мене не ми треба толку простор, јас барам помала куќа во Ровињ“ вели Цетински за „24вести“.
Вилата има 226 метри квадратни и површина од 1136 метри квадратни каде што има базен и џакузи.
View this post on Instagram
За потсетување, Цетински се терети за предизвикување на сообраќајна несреќа каде што има жртви, па доколку се докаже дека е виновен му се заканува казна затвор.