По вестите дека Хана Хуљиќ е бремена и очекува дете од Петар Грашо, се огласи и таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ.
-Поради целата ситуација и многу повици, може да кажам само две работи: како прво, се надевам дека мојот син наскоро ќе ме израдува со ваква вест, а како второ ние не сме реалити семејство, не се трудиме да ги полниме порталите и да ја малтретираме јавноста со нашите приватни животи, изјави Тончи, па додаде:
-Не сме ништо посебно и поразлично од другите луѓе. Затоа ова е се што ќе кажам на оваа тема, изјави музичарот.
За потсетување, Хана потврди дека е бремена и истакна дека се многу среќни и возбудени.
фото: Немања Николиќ/Дамир Дервишагиќ/ Зорана Јевтиќ