Актерот Иван Херцег(36) кој важи за еден од најпопуларните хрватски актери и кој до неодамна ја имаше главната улога во серијата „Чиста љубов“ во која го замени колегата Јанко Поповиќ Волариќ, се огласи по поводот на разните шпекулации на таа тема и приказната дека заминува во странство.
Херцег отказот наводно го добил поради лошото однесување кон колегите, а неговото отсуство од серијата им недостасува на гледачите.
Но, поред пишувањата на медиумите, Херцег во Русија го чека нов проект кој го чува во тајност, пишува 24сата.хр. Меѓутоа, Иван се огласи на Инстаграм и демантираше.
-Накратко: Пишуваат наслов во кој ме цитираат лажно и повторно со истата приказна. Нема апсолутно никаква врска со тоа! Поздрав до моите драги обожаватели, напиша актерот.